Од утре нови правила за влез во Германија

Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Германците што се враќаат од летните одмори во странство од утре ќе се соочат со нови правила за тестирање на коронавирус, информира министерот за здравство Јенс Шпан, пренесува ДПА.

Сите невакцинирани луѓе што влегуваат во Германија ќе треба да направат тест, без разлика дали пристигнуваат со авион, копно или железница – рече Шпан.

Се очекува кабинетот во текот на денот да ја одобри мерката, како и ажурираната листа на ризични региони во целиот свет.

Мерката ќе влијае особено на постарите деца, од кои многумина се уште го немаат завршено циклусот на вакцинација.

Од утре, секој на возраст над 12 години ќе мора да може да покаже дека ризикот од пренесување на инфекцијата е низок – со потврда дека се вакцинирани, дека биле болни или имале негативен тест.

Овие правила се веќе во сила за патниците кои користат авионски сообраќај.

Видео на денот