Од утре граѓаните ќе може да ги користат ваучерите за летување

Охрид, плажа Куба Либре / Фото: МИА

Агенцијата за туризам очекува годинава од домашните гости да бидат остварени повеќе од два милиона ноќевања, бројка во која значителен удел ќе имаат токму ваучерите.

Граѓаните кои немаат поголеми примања од 15 илјади денари месечно ќе може да ги искористат средствата во висина од 6.000 денари за летување или зимување во земјава во периодот до 15 декември. Според податоците на надлежните условите за оваа мерка ги исполнуваат 117.122 граѓани.

Дестинацијата на која ќе може да летуваат или зимуваат ќе може да ја изберат преку Платформата www.domasiedoma.gov.mk и www.pushimenevend.gov.mk на која се објавени хотелите, приватните апартмани, автокампови, одморалишта, бањи, опфатени со оваа владина мерка.

Првичната оценка на сместувачките капацитети е дека луѓето се заинтерсирани за искористување на поддршката, но засега се уште се плашат од ситуацијата со КОВИД-19.

Агенцијата за туризам, пак, очекува годинава од домашните гости да бидат остварени повеќе од два милиона ноќевања, бројка во која значителен удел ќе имаат токму ваучерите.

Доделувањето на ваучерите е една од владините мерки за поддршка на домашниот туризам поради коронакризата, а произлезе од соработката на сите чинители во секторот.

Откако ќе бидат искористени ваучерите од страна на граѓаните, Министерството за економија ќе им ги исплати средствата на туристичките капацитети за дадените услуги врз основа на доставена месечна фактура и месечен извештај за реализираните ваучери.

Се подготвувате за летниот одмор? Еве колку ќе ве чини ноќевање во нашите туристички центри

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот