Од утре дожд и грмежи

Пороен дожд /Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Синоптичарите за утре претпладне најавуваат промена на времето со повремен пороен дожд и грмежи. Понестабилно со пообилен дожд, локално над 15 л/м 2 за кратко време се очекува во јужните делови од земјава каде температурата позначително ќе се намали.

Локален дожд со ретки грмежи, претежно на запад, ќе има и во понеделник. Потоа ќе биде
малку до умерено облачно, од понеделник со слаб до умерен, а на места и засилен ветер од
североисточен правец.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот