Од утре целосно се укинува ДДВ за основната храна

Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Сите маркети кои продаваат леб, брашно тип – 400, млеко со масленост од 2 проценти, од 3,2 и 3,5 проценти масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца ќе мора најдоцна до утре – 17 март 2022 година да ги прилагодат фискалните апарати.

Како што информираат од Управата за јавни приходи, ова значи дека сите продажни објекти кои ги продаваат овие производи во малопродажба, потребно е да издаваат фискална сметка со даночна стапка од 0 проценти, односно со ознака „Г” за добра и услуги кои се ослободени од данокот на додадена вредност.

-Законската обврска произлегува од Законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност со кои се пропишува ослободување од оданочување со ДДВ за основните производи за исхрана. Апелираме до сите навремено да ги прилагодат фискалните апарати, велат од УЈП.

Оваа одлука ќе се спроведува од утре 17 март и ќе трае до 31 мај 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот