Од утре бесплатен ПЦР тест за туристите во Црна Гора

Свети Стефан / Фото: Unsplash

Од утре во Црна Гора ќе биде бесплатен ПЦР тестот за сите туристи на кои им е потребен за враќање во своите матични земји, соопшти црногорското Министерство за здравство.

Министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ претходно изјави дека на трошок на државата ќе им биде обезбедено болничко лекување на сите туристи кои евентуално ќе се разболат од ковид-19 за време на нивниот престој во Црна Гора и им биде потребна хоспитализација.

Министерството од денеска ги ублажи мерките кои се воведени поради спречување на ширењето на коронавирусот.

До 20 мај ќе важат нови мерки, со кои се укинува забраната за меѓуградски сообраќај во деновите за викенд и полицискиот час, а терминот за изведување музика во живо во градините на угостителските објекти се поместува за еден час, односно дозволено ќе биде од 19 до 22 часот, објавија локалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот