Од утре 1800 граѓани на дијализа и со трансплантација приоритетно ќе се вакцинираат

вакцинација против ковид
Вакцинација против ковид. / Фото Архива на Слободен печат

Изготвени се листи за 1800 граѓани на дијализа и со трансплантација за итно да се вакцинираат. Вакцинацијата за нив ќе почне викендов, како што дознава Слободен печат од свои доброупатени извори во Министерството за здравство.

Станува збор за листи направени во координација со Хематологија, лица кои што чекаат трансплантација на срце, веќе имале трансплантација на срце, тие со матични клетки, пациенти со проблеми со бубрези и црн дроб на дијализа. За нив приоритетно ќе почне вакцинацијата на пунктови, по приоритетни листи, меѓутоа еден ден по дијализата, на нивно барање.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот