Од улични музичари до суперѕвезди: Кои се Италијанците кои победија на Евровизија?

epa-efe
epa-efe

Италијанските рокери со моќен звук и убедлива изведба синоќа, на големо на изненадување на многумина, победија на овогодишниот избор за песна на Евровизија со песната „Zitti e Buoni“.

epa-efe
EPA-EFE/Sander Koning

Иако на Евровизија рок-музичари ретко извојуваат победа, како финските металци „Lordi“ кои победија 2007 година со песната „Hard Rock Hallelujah“, оваа година младите рокери од Рим покажаа дека рокенролот никогаш нема да умре.

Со енергичен настап и рефрен за паметење тие ги освоија срцата на публиката чиј глас беше пресуден за убедливата победа на годинешното шоу во Ротердам.

epa-efe
EPA-EFE/Sander Koning

Кои се всушност „Måneskin“?

Тие доаѓаат од Рим и се познаваат уште од средно училиште. Пред да станат славни, тие свиреле на улиците во Рим, а откако победиле на „Санремо“ со песната „Zitti e buoni“, им беше обезбеден директен влез во финалето на Евровизија.

Пејачот Дамиано Давид, гитаристот Томас и басистот Викториа со потекло од Данска, од каде и биле инспирирани за името на нивната група „Måneskin“, што значи месечина.

Во песната која ја отпеаја на италијански јазик, тие синоќа пееја за уличните луѓе кои ѝ велат на буржоазијата да биде „послушна и добра“.

epa-efe
EPA-EFE/Sander Koning

Сè уште не можеме да веруваме! Драго ни е што толку многу луѓе сакаат рок музика“, рекоа победниците на прес-конференцијата во Ротердам откако отворија шампањ за да ја прослават победата.

Групата е основана од 21-годишната Викторија Де Ангелис и 20-годишниот гитарист Томас Реџи, кои заедно оделе на училиште во Рим. Подоцна им се придружил 22-годишниот Дамиано Давид како главен вокал, додека 20-годишниот тапанар Итан Торчи го пронашле на социјалната мрежа „Фејсбук“.

epa-efe
EPA-EFE/ROBIN VAN LONKHUIJSEN

По учеството на „X Factor“ во 2017 година, нивната кариера почнала да зема замав. Следната година, тие го издадоа концептниот албум „Il ballo della vita“, кој беше на врвот на топ листите во Италија.

 

ВИДЕО+ФОТО: Манeскин од Италија се годинашните победници на Евровизија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот