Од Украина до Јемен: Како српското оружје завршува на „погрешно место“?

Фото: DNR Ministry of Defense

Украинската војска во војната во Донбас користеше шверцувано оружје произведно во Србија, објави бугарскиот портал „Армс воч“, со што приказната за трговија со српско оружје доби уште една нова димензија, објавува „Недељник“.

Авторката на текстот „Српско оружје продавано во Украина: докази за шверцувани гранати користени против Донбас“ е на бугарската истражувачка новинарка Дилијана Гајтанџиева, која на истиот портал пишуваше за вмешаноста на таткото на министерот за внатрешни работи на Србија во продажбата на оружје и апсењето на свиркачот од фабриката Крушик во Ваљево.

Во текстот се наведува дека Србија официјално не извезува оружје во Украина уште од почетокот на вооружениот судир меѓу Украина и самопрогласената Донечка Народна Република (ДНР), но изгледа дека српското оружје произведено во 2016 година украинската војска го користела во војната во Донбас.

Текстот е илустриран со бројни фотографии кое ги објави Министерството за одбрана на Донбас на 9 ноември. На една од нив, како што се наведува, прикажана е српска мина од минофрлач „М73 HE KV“, со калибар од 60 милиметри, која ја пронашле војниците на ДНР во Донбас а која, како што се додава, ја истрелала украинската војска.

Исто така се вели дека ова не е првиот документиран случај каде украинската војска користи српски мини за минофрлачи. Според документацијата на која се повикува „Армс воч“, за време на 2016 година, три странски влади нарачале и набавиле мини „М73 HE“ од српската фабрика за орује Крушик – владата на САД, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Саудиска Арабија, според јавно достапните податоци, официјално не извезува оружје во Украина, а американската влада официјално одобри извоз на смртоносно оружје во Украина, но една година подоцна, во декември 2017 година. ОАЕ, меѓутоа, според украинските податоци, извезуваат оружје во земјата, се наведува во текстот.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прес-конференција кажа дека е во воспоставено оти српското оружје е продавано преку две американски компании, „една полуамериканска и уште една чудна компанија“.

Аферата со извоз на српско оружје доби меѓународен одек во моментот кога бугарската новинарка Дилијана Гајтанџиева на својот портал објави серијал од три текста во кои наведува дека српско оружје завршува во рацете на терористите на Исламска држава во Јемен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот