Од удар на патничко возило, тешко повреден жител на село Пласница

Полиција/ фото МВР

Во полициска станица Кичево вчера било пријавено дека на улицата „Рудничка” во Кичево, патничко моторно возило марка „ауди а 3″ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(45) од Битола, удрило во пешакот А.Џ.(22) од село Пласница, Македонски Брод.

Стефан Симоски од СВР Охрид информира дека во сообраќајната незгода пласничанецот се здобил со тешки телесни повреди што биле констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

-На местото на незгодата увид извишила полициска екипа од ОВР Кичево. Причините за сообраќајната незгода допрва ќе се утврдуваат, додаде Симоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот