Од три диви депонии во општина Бутел исчистени 150 кубни метри отпад

Фото: ЈП „Комунална хигиена“

Изминатите неколку дена, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ расчистија три обемни диви депонии лоцирани на улиците Александар Урдаревски, Цетинска и Боца Иванова, во непосредна близина на последната постројка на автобусот 59, во скопската општина Бутел.

Активностите ги реализираа десет работници на терен, со употреба на специјални комунални возила – втоварувач, патарка и два кипера. Подигнати се и транспортирани приближно 150 кубни метри кабаст, градежен и мешан комунален отпад – информираат од претпријатието.

Во текот на викендот, ЈП „Комунална хигиена“ започна и акција за  чистење на пешачките патеки во парк-шумата Водно, којашто ќе се спроведува до крајот на тековната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот