Од среда повторно ќе се наплатува за паркирање во катната гаража „Судска палата“

Катната гаража „Судска палата“ која повеќе од еден месец е бесплатна, од среда ќе почне повторно да наплатува за паркирање, информираше денеска директорот на Паркинзи на општина Центар (ПОЦ), Васко Кичевски.

Имено, гаражата повеќе од еден месец беше бесплатна  поради проблеми со осветлувањето. Истата беше за возила до 18 часот, а потоа, поради намалување на безбедноста, истата се затвораше.

Санацијата на дефектот се пролонгираше поради процедурите, кои налагаат да се чека одобрување на средства за итност од бирото за јавни набавки, за да може да се објави тендер за санација, информираат од ПОЦ.

Во меѓувреме канцелариите на ПОЦ беа преместени кај Градски ѕид, позади Аутомакедонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот