Од срцев удар почина Митко Аврамоски, татко на младиот Бобан кој загина во несреќата кај Ласкарци

Од срцев удар денеска почина Митко Аврамоски, татко на младиот Бобан Аврамоски кој загина во несреќата кај Ласкарци што се случи во февруари 2019 година.

Митко, кој се бореше за правда и беше еден од најгласните од семејствата на жртвите од несреќата, не издржа да го дочека утрешното рочиште за случајот „Ласкарци“.

Тој беше вработен во МВР-Гостивар, а младиот Бобан беше неговото единствено дете.

Митко почина на 55-годишна возраст.

Новото рочиште за случајот „Ласкарци“ ќе се одржи утре, а обвинети се сопственикот на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт, Ремзи Мифтари, возачот на автобусот Маноил Трифуновски и уште тројца вработени во станицата за технички преглед во сопственост на Белули.

Тие се обвинети за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Автобуска несреќа се случи на 13 февруари во 2019 година кај селото Ласкарци во која загинаа 16 патници, а повеќе од 30 беа повредени. Според обвинението, главната причина за несреќата се неисправните сопирачки на автобусот и брзото возење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот