Од спонзорски договори, Реал Мадрид заработува најмногу во фудбалскиот свет
Од спонзорските натписи на дресовите, Реал Мадрид заработува најмногу во фудбалскиот свет, на кој авиокомпанијата „Емирејтс“ му плаќа 82,5 милиони долари годишно.
Следат Манчестер јунајтед (64,9 милиони долари), Барселона (64,8 милиони долари) и четврти е ПСЖ (57 милиони долари), објавија италијанските медиуми.
Во продолжение можете да погледнете колку заработуваат клубовите и колку долго важат договорите со нивните спонзори:
1. Реал Мадрид – „Emirates“ – 82,5 милиони долари, договорот истекува во 2022 година.
2. Манчестер јунајтед – „TeamViewer“ – 64,9 милиони долари, договорот истекува во 2026 година
3. Барселона – „Rakuten“ – 64,8 милиони долари, договорот истекува во 2022 година
4. ПСЖ – „Accor“ – 57 милиони долари, договорот истекува во 2022 година.
5. Арсенал – „Emirates“ – 56 милиони долари, договорот истекува во 2024 година
6. Ливерпул – „Standard Chartered“ – 55,3 милиони долари, договорот истекува во 2023 година
7. Челси – „Three“ – 55,2 милиони долари, договорот истекува во 2024 година
8. Јувентус – „Jeep“ – 53,1 милиони долари, договорот истекува во 2023 година
9. Тотенхем – „AIA“ – 50 милиони долари, договорот истекува во 2027 година.
10.Баерн Минхен – „Deutsche Telekom“ – 35,4 милиони долари, договорот истекува во 2023 година.