Од сите луѓе кои успеале да го преживеат Титаник, изјавата на овој човек била најшокантна и најсмешна

Фото: Профимедиа

Иако само жените и децата имале предност, а од мажите се очекувало да почекаат, Диксон Бишоп решил со измама да го спаси својот живот, па така тој и неговата сопруга Хелен Бишоп се качиле во чамецот за спасување број 7, прв кој бил спуштен во ледените води на Атлантикот…

Дикенсон Бишоп бил богат американски бизнисмен и патник во прва класа на бродот Титаник. Патувањето со брод од Британија до Њујорк било всушност крајот на неговиот 4-месечен меден месец со втората сопруга Хелен, со која се оженил откако неговата прва жена и богата наследничка Мери починала при породувањето.

Брачниот пар бил во својата соба од прва класа кога почувствувал удар. Поради положбата на кабината биле едни од првите кои излегле на палубата кога почнала евакуацијата.

Фото: Профимедиа

Хелен и Дикенсон Бишоп биле сместени во чамец за спасување број 7, првиот кој бил спуштен во ледените води на Атлантикот. Неколку часа подоцна и откако повеќе од 1.500 луѓе заедно со Титаник засекогаш исчезнале во длабочините на океанот, чамецот бил собран од бродот Карпати, кој Бишоп и останатите преживеани ги одвел до Њујорк.

Фото: Профимедиа

Спорно сведочење и луд изговор

Во интервјуто за еден весник направен веднаш по пристигнувањето во Њујорк, Хелен Бишоп изјавила дека на палубата слушнала дека некој кажал дека новопечените младенци имаат предност при качувањето и дека нејзиниот сопруг и таа поради тоа толку брзо се нашле во чамецот во кој веќе се наоѓале три млади брачни парови. Сепак, при официјалното сослушување, оваа приказна повеќе не ја споменала.

Од друга страна, нејзиниот сопруг имал неверојатен изговор. Запрашан како бил спасен пред толку жени и деца кои останале на бродот, Дикенсон Бишоп смислил „совршено“ оправдување – изјавил дека случајно се сопнал, паднал и слетал директно во чамецот за спасување.

Фото: Профимедиа

До приказната се држел дури и кога при официјалното сослушување за истрагата и потонувањето на Титаник, речиси самиот се издал. Имено, на прашањето: „Кој ви кажа да влезете во чамецот за спасување“, Бишоп одговорил: „Еден од офицерите, ми помогна да се качам“. Тогаш, веројатно сфаќајќи што кажал, се обидел да се извади: „Всушност… Паднав во чамецот“.

Фото: Профимедиа

Дикенсон исто така тврдел дека во ниеден момент не слушнал дека жените и децата треба да имаат предност, а тоа го поткрепил со факт дека во чамец покрај неговиот имало уште 12 мажи.

Судбината нашла начин да му се освети

Таблоидите со месеци по несреќата пишувале за тоа како парот Бишоп успеал да ја преживее несреќата. Се појавиле дури и гласини дека Дикинсон влегол во чамецот преправен во жена, иако за ова никогаш немало докази.

Од друга страна, парот Бишоп ниту потоа немал многу среќа. Истата година, во декември, Хелен родила момче, но тоа починало два дена подоцна. Во ноември 1914-та доживеале сообраќајна несреќа. Дикенсон бил само полесно повреден, но Хелен имала сериозна повреда на главата па лекарите биле принудени да ѝ вградат метална плочка за да ѝ го залечат черепот.

Фото: Профимедиа

По сите овие несреќи и гласини кои не престанувале, Дикенсон и Хелен се развеле на почетокот на 1916-та година. Хелен го обвинила сопругот за насилство и алкохолизам и добила алиментација од 100.000 долари. Не стигнала да ужива во парите. Починала само два месеци подоцна откако непријатно паднала.

Што се однесува до Дикенсон, тој по неполни два месеци развод и само два дена пред смртта на Хелен се оженил по трет пат, овој пат со богатата наследничка Сиднеј Бојс. Со неа бил во брак со до нејзината смрт во 1950-та година. После тоа, живеел повлечено во Отава во Илиноис, САД. Починал од срцев удар во 1961-ва година.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот