Од што се состои дневното мени на Амал Клуни и кои се нејзините омилени јадења

Profimedia
Фото: Profimedia

Амал Клуни (42) е една од жените кои навидум имаат сè. Неверојатна кариера како адвокат за човекови права, прекрасен сопруг и две деца, тригодишните близнаци Александар и Ела.

Instagram
Instagram

Но, Амал има и нешто друго за што постојано се зборува во холивудските кругови, а тоа е нејзината витка фигура на супермодел. Што и да облече таа, едноставно изгледа совршеноПа, секој би се запрашал од што се состои дневното мени на сопругата на актерот Џорџ Клуни, која како воопшто да не старее?

Instagram
Instagram

Амал вели дека сака да појадува здраво, па наутро обично јаде супа од алги, која е богата со минерали, а понекогаш сака да се „почести“ со варени јајца. Исто така, за почетокот на денот вели дека понекогаш јаде риба подготвена на медитерански начин.

На нејзиното мени како што вели Клуни нема да видите овесни снегулки или мусли преполни со шеќер.

Instagram
Instagram

Иако ретко дава интервјуа, таа во 2018 година за магазинот „Vogue“ откри кои се нејзините омилени јадења.

Амал ме однесе во кујната каде што нејзиниот готвач подготвуваше ручек. Имаше шпагети со мисиркино месо, пилешки гради, салата со сос од лимон“, напиша еден новинар на „Vogue“.

Instagram
Instagram

Изборот за вечера обично е индиска кујна, суши или италијанска храна. Амал изјави дека нејзиниот најголем „грев“ се пуканките кои ѝ се омилена „здрава“ заскуска затоа што сепак не содржат глутен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот