Од што боледуваше Бора Ѓорѓевиќ? Оваа хронична болест го чинеше живот

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, почина на 4 септември, на 72-годишна возраст.

Музичарот извесно време помина во болницата во Љубљана поради тешка пневмонија и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), со која се бореше со години.

Што е ХОББ?

Хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) е група на белодробни заболувања кои го отежнуваат дишењето и истата се влошува со текот на времето. Оваа болест се заснова на стеснување на дишните патишта – бронхијална опструкција. Постојат 2 два главни типа: емфизем и хроничен бронхитис.

ХОББ се манифестира со специфични симптоми како што се отежнато дишење, кашлање и искашлување, како и свирење во градите. Доколку пациентот во последните две години кашла и искашлува три месеци годишно, постои сомнеж дека боледува од оваа болест. Наведените тегоби најчесто се придружени со чувство на недостаток на воздух, кое со текот на времето може да се влоши до тој степен што пациентот не може да ги извршува ниту основните животни активности.

ХОББ може да биде фатална

Таа е четврта водечка причина за смрт во САД и се смета за болест која треба постојано да се следи за да се избегнат компликации. Секоја година 2,75 милиони луѓе во светот умираат од оваа болест и нејзините компликации, а околу сто милиони луѓе ширум светот страдаат од неа, но сепак доцна се дијагностицира. Повеќето пациенти не се ни свесни за болеста додека не почне да се манифестира преку сериозни компликации.

Ризик-фактори за развој на хронично опструктивно белодробно заболување се пушењето и аерозагадувањето кое особено е засилено во зимските месеци поради употребата на различни видови горива. Може да има и генетска предиспозиција за развој на оваа болест.

Симптоми на ХОББ

Симптомите може да изостануваат на почетокот или може да бидат само благи. Како што болеста се влошува, нејзините симптоми обично стануваат потешки. Главниот симптом е кашлица со искашлување и чувство на недостаток на воздух. Кашлицата е хронична, со искашлување на густ секрет. Спутумот е обично бел, иако може да биде обоен и пенлив. Кашлицата често е придружена со чувство на отежнато дишење, кое се влошува со напор или за време на респираторна инфекција. Симптомите може да бидат и специфична ноќна кашлица, како и модринки на лицето, усните и прстите.

Почина легендарниот рокер Бора Ѓорѓевиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот