Од шестиот шешир ги чекаме ривалите за ЕП 2021

фото: КФСМ

Кошаркарската репрезентација на Македонија од шестиот шешир ќе ги чека противниците во квалификациите за Европското првенство во 2021 година.

Во овој шешир се наоѓаат уште селекциите на Унгарија, Босна и Херцеговина и Холандија.

По подолг период повторно се наоѓаме во можност да се бориме за учество на континенталниот собир.

Не настапивме на претходното ЕП 2017, во 2011 го имавме најдобриот историски пласман на четвртото место, а две години и најлошиот пласман на 21 место.

Првопласираните три од секоја група, ќе се квалификуваат на Евробаскет 2021. Од групите каде ќе бидат сместени организаторите ќе се пласираат две репрезентации.

Ждребот на кој Македонија ќе ги дознае противниците ќе се одржи денеска од 12.15 часот во Минхен, Германија.

Извлекувањето на квалификациските групи за ЕП 2021 можете да го гледате во живо на официјалниот Ју Тјуб канал на ФИБА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот