Од септември Јанева нема да добива пари за кирија и сметки, но ќе земе плата за август

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, од септември нема да добива пари за кирија ниту за сметки. А1.он јавува дека Јанева веќе нема да ги добива парите кои ги добивала за оваа намена, но затоа ќе земе цела плата за август.

Според пресметката на платата за месец август, службите од СЈО се консултирале со Управата за јавни приходи од каде што добиле повратна информација дека нема законски пречки и Јанева може да добие цела плата за изминатиот месец. Но, тоа се однесува само на основната плата.

Неизвесно е дали на Јанева ќе ѝ бидат исплатени 30% додатоци на плата за доверливост, посебни услови за работа и постоење висок ризик.

Јанева е во притвор за случајот Рекет заедно со Боки13 и Зоки Кичеец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот