Од САД лансиран европско-јапонски сателит за истражување на климата

Сателитска мреж/Фото: Pixabay /Фото: Pixabay

Европско-јапонскиот сателит за истражување на климата, чија цел е да го проучува температурниот баланс на Земјата, беше лансиран во орбитата од американската држава Калифорнија со ракетата Фалкон 9 СепјсИкс (SpaceX).

Сателитот, наречен ЕртКер (EarthCARE), полета од воздухопловната база Вандерберг со ракета Фалкон 9 во 15:30 часот по локално време вчера (12:30 часот по средноевропско време) и беше успешно поставен десет минути подоцна, соопшти СпејсИкс.

Сателитот ќе мери како облаците влијаат на климата. Познато е дека некои ниски облаци ја ладат планетата, додека други на големи надморски височини делуваат како покривки. Мисијата ќе користи ласери и радар за да ја испита атмосферата за да види точно каде е рамнотежата, објави Би-Би-Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот