Од сабота – две третини од Французите во карантин

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Повеќе од две третини од Французите навечер ќе мора да остануваат во своите домови, почнувајќи од сабота, кога ќе биде воведен т.н. полициски час на голем дел од територијата како дел од борбата против вториот бран на коронавирус, информира денеска премиерот Жан Кастекс.

Отсега натаму, 46 милиони Французи ќе треба да го почитуваат полицискиот час од 21 до 6 часот наутро.

– Следните недели ќе бидат тешки и нашите болнички служби ќе бидат изложени на големи предизвици, предупреди премиерот, кој очекува тежок ноември и зголемување на бројот на починати од ковид-19.

Досега, полицискиот час се однесуваше на 20 милиони Французи, особено во големите градови, вклучувајќи го и Париз и неговата околина.

Полицискиот час значи и дека кафулињата, рестораните и продавниците ќе затвораат во 21 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот