Од сабота четврта фаза на прскање против комарци во Скопје

фото МИА

Терестичната дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира в среда, во текот на денот.

Авионската дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира на 15 и 16 август 2020 (сабота и недела), во раните утрински часови, соопшти Град Скопје.

Терестичната дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, како што посочија од Градот, ќе започне на 17 август 2020 (понеделник) и ќе заврши најдоцна до 21 август 2020 (петок), во период од 21 до 3 часот, наредниот ден.

Терестичната дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира в среда, во текот на денот.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот