Од рускиот затвор го демантираат рускиот опозиционер: Навални добива соодветна медицинска нега

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV MANDATORY CREDIT

Рускиот опозиционер Алексеј Навални ја добива неопходната медицинска нега во однос на неговата медицинска состојба, соопштено е денеска од Казнено-поправниот дом во регионот Владимир.

„Затвореникот Навални ја добива неопходната медицинска помош во однос на неговата моментална дијагноза“, се наведува во соопштението од управата на затворот, а пренесува ТАСС.

Навални денеска најави штрајк со глад жалејќи се на неадекватна медицинска нега во затворот.

Навални почна штрајк со глад: Рускиот опозиционер бара медицинска помош во затворот

Меѓутоа, управата на затворот оцени дека се однесува спрема Навални во согласност со законот и дека тоа важи за сите затвореници.

„Чуварите во затворот стриктно набљудуваат дали нечии права се загрозени и се води сметка да им се обезбеди осумчасовен сон“, се додава во соопштението.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот