Од први септември во оваа земја ќе се земаат плати во криптовалути

Криптовалути

„Фајненшл Тајмс“ објави дека Нов Зеланд е првата земја во светот која дозволува исплата на заработка во криптовалута.

Според одлуката на Даночната служба доколку одредена виртуелна валута се поврзе со најмалку една стандардна валута, тогаш ќе може платите да се исплаќаат во криптовалута. Властите во Нов Зеланд истовремено бараат и избраната криптовалута да биде директно конвертибилна во некој стандарден облик на плаќање.

Со овие промени се овозможува криптовалутите, како Биткоинот, да служат како облик за плаќање на новозеландските работници кога овој закон ќе стапи на сила од 1 септември.

Потегот претставува чекор напред кон воведување на контроверзната дигитална валута во секојдневниот платежен систем. Криптовалутите се релативно слободни од регулација, а тоа што нивниот ток не може да се следи преку вообичаените процедури ги направи популарни кај анонимните онлајн трансакции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот