Од први јули поскапуваат и електронските цигари во Србија

Фото: МИА

Србија е се поблиску до стандардите на ЕУ, барем што се однесува до цените на цигарите. Но, се уште е далеку на пример од Ирска, каде што треба да се издвојат 9 евра за кутија цигари. Ако е за утеха, има и земји каде тутунот е поевтин и во просек се движи меѓу 3,5 и 5,5 евра, па јасно е дека акцизниот календар на Србија најчесто е креиран по нивниот модел.

Се поизвесно е дека во следната година и половина пушачите ќе плаќаат се повеќе за своето задоволство, па реално е да се очекува дека во 2025 година српските цени на тутунските производи ќе ги достигнат европските.

Инаку, „тутунските компании“ не ги зголемуваат цените автоматски секој јануари и јули, туку Владата на Србија мора да ги одобри врз основа на поднесеното барање на секој производител.

Дека алтернативите на традиционалните цигари се сè попопуларни сведочи трендот во кој бројни светски производители и брендови полека се свртуваат кон електронските цигари, пишува Каматица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот