Последните официјални податоци од пописот кој беше спроведен во 2001 година покажуваат дека Украина има 48,5 милиони жители.
Поради миграцијата, анексијата на Крим од Русија и војната на истокот на државата, Украина изгубила повеќе од 11 милиони жители од последниот попис спроведен во 2001 година.
Податоците кои денеска ги објави Владата во Киев покажуваат дека околу 37,3 милиони луѓе живеат на украинска територија, тука не се вклучува Крим, ниту зоните кои ги контролираат сепаратистите.
-За жал, податоците не ги вклучуваат лицата кои постојано живеат во странство и во окупираните територии. Тоа е бројка на лицата кои физички се наоѓаат во Украина, истакна министерот без ресор, Дмитро Дубилет.
Последните официјални податоци од пописот кој беше спроведен во 2001 година покажуваат дека Украина има 48,5 милиони жители.