Од последици на ковид-19 почина Рефик Зенку, дописник на МИА

Од последици на ковид-19 денеска почина Рефик Зенку, дописник на Медиумската информативна агенција.

Зенку беше дописник за МИА од Кичево во изминатите девет години. За настаните во Кичево и околината известуваше до последен момент, додека не беше дијагностициран од коронавирусот.

Зенку три недели се бореше со коронавирусот и се лекуваше во болницата „8ми Септември”. Вчера состојбата му се влошила, а лекарите не успеале да го спасат.

Рефик Зенку беше новинар со долгогодишен стаж со речиси три децении во новинарството. Неговиот последен новинарски ангажман беше во локалната телевизија ТВ Гура дописник на МИА од Кичевскиот регион. Покрај редовните, новинарски задачи како известувач, беше познат и како новинар кој известуваше и извонредно го познаваше локалниот спорт.

Роден е на 18 мај 1965 година во Кичево.

МИА упатува најискрено сочувство до најблиските на Зенку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот