Од понеделник средба на Работната група за Законот за ЈО

Работните групи на власта и опозицијата кои треба да се договорат за Законот за Јавно обвинителство со кој треба да се реши статусот на Специјалното јавно обвинителство ќе остварат средба од понеделник. Следната недела законот треба да оди во Собрание каде е закажана седница за вторник.

Според извори од СДСМ, средбата која требаше да се одржи вчера е одложена поради технички причини.

Последната средба меѓу работните групи на власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство се одржа во јули и иако се очекуваше тие да продолжат со работа од почетокот на оваа недела, тоа не се случи.

Во меѓувреме позициите на двете страни се непроменети. Власта, како што повеќе пати потенцира е подготвена да одговори на одредени барања на опозицијата, но сепак црвената линија е бескомпромисната борба против криминалот, додека, пак, опозицијата е на став дека не прифаќа автоматско префрлање на јавните обвинители од СЈО во новоформираното Обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција, ниту тоа да биде предводено од Русковска.

Прочитајте и...  Кадиев: Не се докажа со ништо дека Јанева е наводно виновна

Пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов вчера рече дека очекуваат како партија и апелираат на првата седница по завршувањето на одморите на пратениците да биде Законот за Јавното обвинителство.

-Суштинска е потребата од носењето на еден таков закон, а се во интерес на воспоставувањето на правната држава во Република Северна Македонија. Очекувам сите мои колеги пратеници да се издигнат навистина над партиските интереси и во функција на правото, правната држава и секако во интерес на граѓаните со консензус да го донесеме Законот за Јавното обвинителство, истакнува Костадинов.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, пак,  рече дека е потребен консензус за законскиот текст и за да се донесе законот.

-За да биде постигнат консензус прашање е колку власта сака и натаму да турка скриена амнестија за државната мафија и оние кои што се вклучени во „Рекет”, „Леонардо” и останатите други корупциски скандали или сака вистински Закон за борба против корупцијата и криминалот, рече Стоилковски.

Прочитајте и...  ТРАМП СЕ ЗАКАНУВА: Ќе испратам илјадници војници да го запрат вандализмот

Прочитај повеќе

Спасовски: Сите политички партии ќе си направат сопствена анализа и ќе учествуваат на изборите

Слободен печат

Заврши масовното тестирање во Вухан, откриени околу 300 асимптоматски случаи

Слободен печат

Дополнета Уредбата за јавен превоз на патници: Маски и ракавици се задолжителни

Слободен печат

МЗ: За 24 часа регистрирани 76 новозаразени, во Скопје активни се 338 случаи

Слободен печат

Италија преку апликација ќе ги следи заразените од коронавирус

Слободен печат

Датумот за избори сѐ поблиску, договорот меѓу партиите сѐ подалеку!?

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

За време на нередите во САД уапсени над 7.200 луѓе

Слободен печат

Усвоен Протоколот за превентивни мерки за сите работни места

Слободен печат

Спасовски: Неработење и саботирање од министерот за внатрешни работи е причина за зголемениот број на заразени

Слободен печат

Словенија поради мигрантите распореди 1.000 полицајци на границата со Хрватска

Слободен печат

Дом за стари лица „Руски”: Ниту една од трите позитивни вработени немала никаков контакт со штитениците во домот

Слободен печат

Хаос во САД: Повредени пет полицајци, нападната полициска станица, нереди насекаде (ВИДЕО)

Слободен печат