Од понеделник нов топлотен бран

Од понеделник следува период на сончево време со повторен пораст на температурата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Метеоролог Славчо Поповски прогнозира дека ова ќе биде најсилниот толотен бран летово, кога температурите ќе се искачат над 40 Целзиусови степени.

Инаку, времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец. Вдолж Повардарието повремено ќе се засилува. Минималната температура ќе биде помеѓу 12 и 22, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени.

Во Скопје сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец, вдолж Повардарието повремено ќе се засилува.  Максималната температура ќе изнесува 30 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот