Од понеделник нема да работат матичните стоматолози во Прилеп

Кризниот штаб упати апел до сопствениците на маркети да ги применуваат и да ги засилат редарските служби за да се избегнат гужви пред и во самите објекти.

Сите оперативни планови на локалните и на државните институции на територијата на општина Прилеп, да бидат преточени во соодветни процедури за работа во услови на евентуална прогресија на болеста Ковид 19, е  одлука прилепскиот кризен штаб на денешниот состанок.

Градот ги интензивира локалните мерки и активности преку засилена дезинфекција на главните и на периферните улици како и во населените места.

Кризниот штаб упати апел до сопствениците на маркети да ги применуваат и да ги засилат редарските служби за да се избегнат гужви пред и во самите објекти.

Апел е упатен и до претставниците на верските заедници во Општината да се придржуваат до одлуките на Владата и до препораките на Министерството за здравство за да се намалат ризиците за прогресија и ширење на коронавирусот во Прилеп.

Кризниот штаб ги информира прилепчани дека од понеделник 30 март,  според одлуката на Министерството за здравство, нема да работат матичните стоматолози. Сите итни случаи ќе се упатуваат во службата за Итна стоматолошка помош, во објектот на Итната медицинска помош.

Денеска во Прилеп во изолација се вкупно 222 лица и нема забележано нарушување на оваа мерка, ниту на полицискиот час синоќа. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот