Од понеделник лабораториски анализи на Д-димери и ЦРП и во скопските поликлиники

Во скопските поликлиники „Јане Сандански”, „Бит Пазар” и „Драчево” од понеделник пациентите ќе можат да направат лабораториски анализи со проверување на вредностите на Д-димерите и ЦРП, соопштија од Министерството за здравство.

Од МЗ информираа дека тие анализи се важни во следењето на здравствената состојба на ковид пациентите. Во трите поликлиники, како што посочија, од следната недела ќе има посебен план, лицата кои треба да ја направат потребната лабораториска анализа ќе доаѓаат во теrмини кои ќе бидат наменети само за нив за да не бидат во контакт со останатите пациенти.

– Со овој начин им олеснуваме како на матичните лекари, така и на пациентите да не мора да одат во ковид центрите и болничките установи за да ги направат потребните анализи. Партиципацијата за ваквата здравствена улуга ќе се наплаќа по ценовникот за здравствени услуги на Фондот за здравствено осигурување, изјави директорот на Здравствен Дом Скопје д-р Виктор Исјановски.

Од МЗ истакнаа дека pоликлиниките „Јане Сандански”, „Бит Пазар” и „Драчево” се подготвени со биохемиска апаратура и реагенси за изработка на бараната здравствена услуга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот