Од понеделник Ер Франс воведува мерење температура и задолжително носење маска

Фото: МИА

Француската авиокомпанија „Ер Франс” од понеделник ќе ја мери температурата на патниците и ќе бара од нив да носат заштитни маски за време на летот.

Како што се наведува во соопштението на авиокомпанијата, луѓето со температура повисока од 38 степени Целзиусови нема да можат да се качат во авионот.

Според „Ер Франс”, нивната резервација ќе биде променета за подоцнежен лет, без дополнителни трошоци, пренесува Би-Би-Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот