Од понеделник аеродромци ќе можат да аплицираат за субвенции за велосипеди и електрични тротинети

Фото: Општина Аеродром

Општина Аеродром во понеделник, 4 јули го отвора јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипеди, а субвенциите од оваа година се проширени и ќе се однесуваат и на електрични тротинети. Според најавите, субвенционирањето за велосипеди ќе биде во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари а за електричен тротинет во износ од 30 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 5.000 денари по лице.

Сите заинтересирани е потребно да поднесат: Барање за надоместок (барањето може да се подигне во архивата на Општината или да се обезбеди од веб-страницата http://aerodrom.gov.mk/vest/8955, почнувајќи од понеделник), фотокопија од лична карта или пасош како доказ за жителство во Општина Аеродром, фотокопија од трансакциска сметка на барателот, оригинал фискална сметка или фактура со датум од тековната 2022 година како доказ дека е извршено купување велосипед и електричен тротинет,
Изјава (која може да се подигне од архивата или http://aerodrom.gov.mk/vest/8955) со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека нема добиено субвенции од друга институција.

– Документацијата ќе се поднесува во архивата на Општина Аеродром секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции за граѓаните на подрачјето на Општина Аеродром за купување велосипеди и електрични тротинети за 2022 година“ со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“ – информираат од Општина Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот