Од понеделник 12 лекари и 20 медицински сестри ќе ги засилат воените екипи кои помагаат во здравството

Клинички компплекс „Мајка Тереза“ Скопје / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Врз база на барање од Министерството за здравство, по консултациите кои ги направивме, од понеделник дополнителни 12 лекари и 20 медицински сестри ќе ги засилат воените екипи кои и во моментов помагаат во здравството. Очекувам таа операција да се случи од понеделник, најави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Во однос на тоа каде ќе обезбедува војската, таа нагласи дека полициските и воените сили ќе бидат сконцентрирани на поддршка на здравствените институции.

– Вчера претседателот ја донесе одлуката и денеска, ова утро, Министерството за внатрешни работи координира со Армијата и со Министерството за здравство, за тоа кои луѓе, каде ќе бидат распоредени. Јас очекувам врз база на побарувањата од Министерството за здравство во текот на утрешниот ден да започне распоредувањето, соопшти Шекеринска.

Овие одлуки, додаде, не ги носи ниту МО, ниту Армијата самостојно, туку ги носат заедно со Центарот за управување со кризи (ЦУК) врз база на побарувања од здравствените институции.

В.д. директорот на ЦУК Стојанче Ангелов појасни дека се работи за обезбедување на здравствени институции, амбуланти, ковид амбуланти, или евентуално магацини во кои би се чувала роба која е поврзана со здравствената криза.

– Во текот на денешниот ден главниот штаб во кој ќе учествуваат претставници на Министерството за здравство, полицијата и Армијата точно ќе определи каде и кога ќе излезат претставници на Армијата во поддршка на полицијата. Тоа не значи дека целокупната бројка која е предвидена во одлуката на врховниот командат од утре ќе се најде на улица. Ќе излезат само онолку војници колку што е неопходно во оваа фаза, рече Ангелов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот