Од полноќ нови цени на горивата

Илустрација: Точење гориво на бензинска станица / Фото: EPA-EFE/CONSTANTIN ZINN

Дизел горивата на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се намалува од 0,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,79 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 68,5, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 67,5 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за половина денар по литар и ќе изнесува 74 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за два денара и ќе се продава за 76,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,273 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 43,507 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,569 отсто, кај дизелот за 3,217, кај екстра лесното масло за 3,812 и кај мазутот за 4,635 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,0124 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот