Од полноќ пониска цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, цените на другите горива остануваат исти

Фото: Архива на „Слободен печат“

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за 0,50 денар/литар, а малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,51 проценти.

Според одлуката на Комисијата, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,647 ден/кг и сега ќе изнесува 34,596 ден/кг.

Од утре ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава по 68,00 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 по 70,00 денари/литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 60,00 денари/литар, Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по 59,50 денари/литар и Мазут М-1 по 34,596 денари/килограм.

Како причини за ваквата одлука на малопродажните цени на горивата од РКЕ го наведуваат тоа што во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување кај бензинот за 0,82 проценти, кај дизелот има зголемување за 1,048 проценти и кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,35 проценти, додека кај мазутот има намалување за 1,856 проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,522 ороценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот