Од полноќ на ГП „Табановце“ – влегле над 2.200 граѓани

Табановце / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Од полноќ до 15 часот на Граничниот премин Табановце, влегле вкупно 2.235 граѓани, од кои 1.551 домашни и 684 странски државјани, информираше денеска МВР.

Во овој период, пак, излегле 373 лица од кои 212 домашни и 161 странски државјанин. Вкупно на ГП Табаноце поминале 2.608 лица, од нив 1.763 домашни и 845 странски државјани.

Од денеска за влез во соседна Србија задолжителен е негативен ПЦР тест, не постар од 24 часа, освен за транзитните патници, кои мора за 12 часа да излезат од Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот