Од почетокот на војната во Сирија се родени речиси пет милиони деца

Фото: Архива

Од почетокот на војната во Сирија родени се повеќе од 4,8 милиони деца, а илјадници загинаа или се повредени, објави Агенцијата на Обединети нации за децата (УНИЦЕФ).

– Се навршува уште една срамна годишнина од војната во Сирија. Милиони деца влегуваат во втората деценија од животот опкружени со војна, насилство, смрт и раселеност – изјави извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе.

На 15 март 2011 година десетици илјади Сиријци почнаа мирни протести во градовите, барајќи оставка од претседателот Башар ал Асад. Сириската власт на демонстрациите одговори со сила, а секој што се спротивстави беше прогласен за терорист. На мета на власта први беа опозициските лидери и активистите, кои беа апсени и мачени, а голем број се водат како исчезнати.

Според податците од 2014 година, кога официјално почна мониторингот во Сирија, за време на војната убиени или повредени се повеќе од 9.000 деца. Во истиот период приближно 5.000 деца, некои од нив имале само седум години, кога се регрутирани за борби.

УНИЦЕФ тврди дека две-петтини од училиштата во Сирија не можат да се користат бидејќи се уништени, оштетени или се употребувааѕ како центри за раселените лица или во воени цели.

– Нашата порака е јасна, престанете да ги бомбардирате училиштата и болниците. Престанете да ги убивате и мачите децата. Премногу деца страдаат веќе премногу долго – истакна Форе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот