Спасувачите на местото на ракетен напад врз детската болница „Охмадит“ во Киев/EPA-EFE

Од почетокот на војната Русија оштетила или целосно уништила 2.285 здравствени објекти во Украина

Министерството за здравство на Украина денеска соопшти дека за приближно тригодишната војна при руските напади оштетени или целосно разурнати се 2.285 здравствени институции.

До средината на февруари 2025 година, непријателот оштети 1.964 здравствени установи и целосно уништи 301. Најзначајна штета беше причинета на болниците во Харков, Доњецк, Миколаев, Киев, Чернихив, Дњепропетровск, Херсон и Запорожје, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Исто така се посочува дека руските сили оштетиле 240 специјализирани возила за итна медицинска помош, уништиле 273 и заплениле 80 амбулантни возила.

Украина со поддршка на меѓународните партнери продолжува да ја обновува здравствената инфраструктура. Досега целосно се реставрирани 594 здравствени установи, а делумно се реставрирани 370.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот