Од почетокот на пандемијата во Црна Гора без работа останаа 7.446 лица

Од воведувањето мерки за борба против епидемијата на коронавирус на 15 март годинава, невработеноста во Црна Гора е зголемена за 20,99 проценти, односно 7.446 лица останаа без работа.

Овие податоци беа презентирани од Горан Бубања, помошник директор на црногорскиот Завод за вработување во Секторот за евиденција и истражување во областа на вработувањето.

– На денот на воведувањето на мерките за борба против епидемијата на вирусот Ковид-19 (15 март), 35.466 невработени лица беа запишани во евиденцијата на Бирото (20.541 или 57,91 процент беа жени), така што имаше пораст на невработеноста за 7.446 лица или 20,99 проценти, изјави Бубања на „Побједа”.

Според него, на најголемиот број лица им е прекинат работниот однос поради истекот на договорот за работа на определено време – 4.159 или 82,05 проценти, потоа склучување договор со работодавачот за престанок на работниот однос – 311 или 6,13 проценти и исплатена отпремнина на работникот за чија работа нема повеќе потреба – 196 или 3,87 проценти.

Бројот на невработени од 15 март до септември годинава е зголемен во сите општини во Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот