Од почетокот на пандемијата регистриран само еден пациент позитивен на Ковид-19 во Делчево

Продолжува дезинфекцијата на градските улици, како дел од мерките за заштита од коронавирусот во Делчево. Дезинфекција како што информираат од Територијалната противпожарна единица од Делчево ќе се спроведува во вечерните часови.

– Согласно насоките на Кризниот штаб со дезинфекцијата ќе бидат опфатени улиците каде има најголема фреквенција низ градот. Тоа се обично местата во близина на кафе-баровите, каде поради поголемата раздвиженост има потреба од дезинфекција, истакнаа од ТППЕ Делчево.

Како што додадоа за утре попладне е планирана дезинфекција и на градскиот пазар во Делчево.

– Поради тоа што пазарен ден во Делчево е во сабота, дезинфекција вршиме пред пазарниот ден, како и по неговото завршување, додадоа од ТППЕ Делчево.

Во Делчево состојбата со коронавирус е стабилна. Од почетокот на пандемијата е регистриран само еден случај на позитивен пациент на Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот