Од почетокот на пандемијата, повеќе од илјада луѓе починаа во Црна Гора

Денес Црна Гора ја надмина границата од илјада починати како резултат од компликациите кои ги предизвикува болеста ковид-19, додека истовремено првпат по Втората светската војна во „ковид годината“ земјата забележала негативен природен прираст.

Според податоците коишто во неделата ги објавија здравствени власти Црна Гора, во последните 24 часа регистрирани се 502 нови случаи на коронаинфекции, додека пријавени се нови четири смртни исходи поврзани со ковид-19.

– Вкупниот број починати поврзани со ковид-19 во Црна Гора од почетокот на пандемијата е 1.003, соопшти институтот за јавно здравство на Црна Гора.

Црна Гора кон средината на март ќе се одбележи годишнината од првиот потврден случај на зараза со коронавирусот во земјата, по што следеше општо затворање на државата, па првиот бран на коронавирусот во земјата однесе само девет животи, а вкупно се заразија со 324 лица, според официјалните податоци на тогашните власти.

Потоа кон крајот на мај минатата година Црна Гора се самопрогласи за првата „корона фри“ земја во Европа, најавувајќи дека на тоа ќе ја гради туристичката сезона, но веќе кон средината на јуни вирусот повторно се појави во земата и започна неконтролирано да се шири.

Од средината на ланскиот јуни до денеска повеќе од 75.000 Црногорци се заразиле со коронавирусот, што претставува 12 отсто од вкупната популација, додека во моментов се активни повеќе од 8.500 случаи на заразата.

Вакцинирањето против коронавирусот во Црна Гора започна пред седум дена, и тоа со руската вакцина „Спутник V“ која земјата ја доби како донација од Србија, додека кинеската доза од 30.000 дози од вакцината „Синофарм“ ќе пристигнат во Подгорица за неколку дена.

Извор: Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот