Од почетокот на пандемијата: Бројот на пензионери во Србија намален за 58 000 лица

Пензионери / Илустративна фотографија: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Бројот на пензионери во Србија кои примаат пензија од пензискиот фонд е намален за 58 000 лица од избувнувањето на пандемијата, покажуваат најновите статистички податоци.

Во јуни годинава, исплатата на пензиите беше за 1,649 милиони пензионери наспроти 1,692 милиони на крајот на 2021 година, додека една година претходно, на крајот на 2020 година, пензија добиле 1,708 милиони највозрасни граѓани.

Бројот на пензионери во Србија од 2019 година се намалува годишно за 1,5 отсто, со што се намалуваат расходите во буџетот за исплата на пензиите.

Фискалниот совет очекува трендот на намалување од 2020 и 2021 година да продолжи.

Поради намалувањето на бројот на пензионери, кое буџетот не го предвидува, од Фискалниот совет очекуваат дека трошоците за исплата на пензиите во 2022 година ќе бидат за околу 80 милиони евра помали од планираните во буџетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот