Од почетокот на годината 300 масовни престрелки во САД: Масакрот во Чикаго ги потсети Американците дека никој не е безбеден

Викендов, Хајленд Парк им се придружи на Увалде, Колумбан, Њутаун и Паркланд во долгата листа на градови и населени места кои ќе останат запаметени по грозоморните масовни убиства во кои загинаа невини луѓе и многу деца.

Убиството на шест лица во Чикаго е едно од неколкуте масовни престрелки што се случија во земјата за време на викендот на Денот на независноста на САД, покажуваат податоците на непрофитна организација која ги следи инцидентите во кои е употребено огнено оружје.

САД ПОлиција
фото: EPA

Од почетокот на годината досега се случија најмалку 311 масовни престрелки во САД

Организацијата терминот масовното пукање го дефинира како пукање во кое напаѓачот застрелал најмалку четири лица.

Вооружен напад во Чикаго 4 Јули
Фото: John J. Kim / Newscom / Profimedia

Минатата година беше најлошата во историјата на САД од 2014 година, од кога организацијата води евиденција. Во 2021 година имало најмалку 692 масовни престрелки.

Последното во серијата престрелки, вчерашниот напад за време на парадата на четврти јули во Хајленд парк во Чикаго уште еднаш ги потсети Американците дека никој никаде не е безбеден, дури и за време на националниот празник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот