Од почетокот на бунтот во Ирак се убиени 543 Ирачани, а повредени се околу 30.000

Фото: Профимедиа

Институцијата, која и припаѓа на државата, но исто така е и критична за неа, наведува дека загинале 543 лица, од кои 276 во Багдад, додавајќи дека речиси сите жртви биле демонстранти.

Вкупно 543 Ирачани се убиени од  1 октомври, кога почна бунтот на народот, обележан со насилство, репресија и кампања на киднапирања и убиства, објави вечерва владиниот Комитет за човекови права.

Демонстрантите ги осудуваат властите за корупција и неспособност.

Комитетот за човекови права излезе по долго молчење по повеќе од четири месеци од почетокот на бунтот. Комитетот постојано обвинуваше разни институции дека одбиваат да дадат информации за бројот на загинати и уапсени на протестите.

Институцијата, која и припаѓа на државата, но исто така е и критична за неа, наведува дека загинале 543 лица, од кои 276 во Багдад, додавајќи дека речиси сите жртви биле демонстранти. Во немирите загинаа 17 припадници на безбедносните сили.

Според тој комитет, повредени се околу 30.000 луѓе. Илјадници луѓе беа повредени од огнено оружје, при што ирачките власти обвинуваат индивидуални, изолирани припадници на безбедносните сили и непознати вооружени напаѓачи.

Комитетот исто така наведува дека биле извршени 22 убиства, додека повеќе од 70 лица биле киднапирани. Уапсени се околу 2.700 лица, од кои 328 остануваат во притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот