Од почетокот на август ќе има редовна авио-линија помеѓу Софија и Тирана

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Од почетокот на август, почнува редовна авио-линија меѓу Софија и Тирана. Оваа информација ја пренесоа бугарските медиуми, јави дописникот на МИА од Софија. Министерството за надворешни работи во Тирана објави информации за почетокот на летот меѓу Албанија и Бугарија на почетокот на август.

Системот за резервација и продажба на билети во моментов се тестира, а на 6 август ќе биде првиот лет за патници. Од 6 до 15 август ќе има по еден лет неделно, а од 15 до 28 септември ќе има летови двапати неделно. Засега се планира летовите да бидат кон Софија, но во иднина се планираат повеќе дестинации за албанските туристи, меѓу кои ќе биде бугарскиот црноморски град Бургас.

Отворањето на линијата меѓу Софија и Тирана е всушност обновување на постојната линија од 90-те до почетокот на 2001 година. Тоа ќе поттикне соработка меѓу пристаништата Драч и Варна, како и понатамошна работа за изградба на Коридорот 8. Во 2020 година, тогашната бугарска министерка за туризам Маријана Николова и вршителот на должноста министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија Гент Цакаи потпишаа Меморандум за соработка во областа на туризмот во Софија. Министерката Николова тогаш рече дека е импресионирана од интересот на албанските граѓани за Бугарија, велејќи дека во 2019 година повеќе од 36.000 албански туристи биле во Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот