Од Општина Бутел, Арсовска ја започна теренската активност од врата на врата

Подобрување на инфраструктурата, трајно решение за проблемот со водоснабдувањето и повеќе зелени површини, Арсовска ги издвојува како главни недостатоци во Општина Бутел / Фото: МИА

Од Општина Бутел, денеска независната кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска ја започна теренската активност од врата на врата.

Арсовска на граѓаните на Бутел им ги презентирала главните проекти од нејзината програма.

Подобрување на инфраструктурата, трајно решение за проблемот со водоснабдувањето и повеќе зелени површини, Арсовска ги издвојува како главни недостатоци во Општина Бутел.

– Реакциите што ги добив од жителите на оваа скопска општина, планирам да ги сумирам, потоа анализирам со цел да ги вметнам во планот на моето на работење како градоначалник на Град Скопје. Јас сум човек што доаѓа од народот, да ги исполнам барањата токму на народот и заедно со нив да го направам Скопје подобро место за живеење е мојот врвен приоритет, рече Арсовска по средбата со жителите од Општина Бутел.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот