Од октомври на јавни настани ќе се влегува исклучиво со сертификат за две примени дози вакцина!

Вакцинација против коронавирусот во Германија
Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Најверојатно од октомври месец, за влез на јавни настани, наместо сертификат за најмалку една примена доза вакцина, во земјава ќе се воведе исклучиво влегување во објекти со целосна вакцинација со две дози, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Османи за оставките по пожарот: Праведна е одлуката на премиерот да ја чека експертизата на странските експерти

Причината за ваквата одлука, како што посочи се податоците кои покажуваат дека ковид-19 се шири меѓу навекцинираното население.

Сигурни сме дека само целосно вакцинираните граѓани се безбедни и за себе и за околината, рече Филипче.

ИНФОГРАФИК: И тие што прележале ковид имаат имунитет, ама вакцината го „цементира“

Во врска со модуларните болници Филипче рече дека такви болници се поставуваат во цел свет.

Со модуларните болници за кратко време обезбедивме 700 болнички кревети. Во цел свет се поставуваат модуларни болници и тоа е единствено решение. Во ситуација на пандемија направена е контрола во сите модуларни болници проверени се сите инсталации струја, инсталации, се е во најдобар ред, рече Филипче.

Османи за оставките по пожарот: Праведна е одлуката на премиерот да ја чека експертизата на странските експерти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот