Од Охрид не ги предале ингеренциите, сакаат заедно со Владата да го решаваат проблемот со дивоградбите - Слободен печат

Од Охрид не ги предале ингеренциите, сакаат заедно со Владата да го решаваат проблемот со дивоградбите

Општина Охрид нема испратено официјално барање до Владата во врска со изземање или отстапување на ингеренции во одредена сфера од работењето на локалната самоуправа.

Како што се наведува во соопштението лиферувано до медиумите, Општина Охрид очекува дека заеднички со Владата преку плански и стартешки пристап, постепено, чекор по чекор ќе ги решава сите препораки на УНЕСКО и дека ќе ги поправи сите грешки од минатото, направени од претходните власти.

„Целта е на наредната сесија на Комитетот за светско наследство, конечно да биде отстранета опасноста за ставање на Охридскиот регион на листата на заштитени подрачја во опасност”, стои во соопштението.

Уште од Општина Охрид наведуваат дека во процесот на исполнување на препораките на УНЕСКО веќе е постапено по препораката број 9 за изработка на Регистар за нелегални градби, по Препораката број 19 со реализираната акција за отстранување на палмите како неавтохтони и инвазивни видови и со започнатата акција за отстранување на рекламните билборди од централното градско подрачје.

„Исто така веќе имаме спроведено и активности по Препораката број 18 за регулација на сообраќајот во стариот дел на градот. Беа организирани две јавни трибини со жителите на урбаната заедница Стар град со цел да се разменат мислења за режимот на сообраќај и начинот на негово регулирање. Веќе започна да функционира системот за електронско евидентирање на движењето на возилата во овој дел од градот, а за таа цел се издадени посебни картички за евиденција на моторни возила”, стои во соопштението.

Во моментот општинските служби вршат поединечна ревизија за секој предмет кој е дел од Регистарот на дивоградби и поеднечно ќе се носат одлуки за понатамошно постапување. Исто така во тек е постапката во врска со Огласот за ангажирање градежна механизација за спроведување административно-управни акти за уривање дивоизградени објекти.

„Сите активности кои Општина Охрид ќе ги преземе во наредниот период во однос на исполнување на препораките на УНЕСКО, ќе се одвиваат во согласност со сите законски процедури, во постојана координација и комуникација со останатите надлежни државни институции, а јавноста ќе биде навремено и детално информирана“, информираат од Општина Охрид. аб/скс/

Прочитај повеќе

Петар Рупески по петти пат го фати Светиот крст во Охрид

Горан Наумовски

Најмалку осуммина загинати при пожар во болница во Чешка

МИА Агенција

Средношколецот Бранко Силјановски го фати светиот крст во Дебар

МИА Агенција

Изменет сообраќаен режим во Скопје поради Водици

Шекеринска: „Рекет“ покажа дека никој не е над законот

Горан Наумовски

Нови случаи на корона вирусот во Кина

МИА Агенција

Остави Коментар

1 × five =

Прочитај повеќе

Спасовски: Секој од нас да даде придонес за заедничка подобра иднина 

МИА Агенција

Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици

МИА Агенција

Во антивладините протести во Бејрут повредени 150 луѓе

МИА Агенција

На протестот на Жолтите елеци во Париз уапсени 59 луѓе

МИА Агенција

Попова Шапка и со малку снег полна со гости

МИА Агенција

Еден од четворица граѓани во ЕУ избегнува откривање лични податоци на социјалните мрежи

МИА Агенција