Од Њујорк најавија нови мерки против морбили

Официјални лица во Њујорк и предградието Рокленд најавија нови мерки во борба против ширењето морбили.

Властите имаат проблеми со епидемијата на мали сипаници во екстремни православни еврејски населби, кои се борат и со тужби за обидот на воведување задолжителна вакцинација.

Како мерка се планира на заболените од морбили да им се нареди да не ја напуштаат куќата, а здравствениот одбор на Њујорк денеска ќе разгледува дали да ја продолжи наредбата за задолжителна вакцинацијата во делови на Бруклин.

Во Њујорк од октомври се пријавени 329 случаи на заболени од морбили, додека во Рокленд се потврдени 186 случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот