Во тетовско од 12 новозаболени има и на возраст од 10 до 20 години

Две нови жаришта (кластери) на заболени бележи тетовскиот Центар за јавно здравје кај новите 12 заболени од КОВИД-19, додека останатите се поради контакт со веќе заболени лица. Се бележи и случај на заболен во возрасната група од 10 до 20 години.

 -Повеќето случаи се постари од 60 години, но се бележат и заболени во возрасните групи од 10 до 20 години како и од 30 до 50 години. Од 12-те нови случаи во регионот повеќето од случаите се жители на градот Тетово, како и во општина Теарце. По еден случај има во општините Боговиње и Брвеница. Имаме два нови кластери, а другите се контакти од веќе заразени лица, изјави Наим Скендери, специјализант по епидемиологија во Центар за јавно здравје Тетово.

Сега на тетовското подрачје има вкупно 100 болни активни случаи, а вкупно се бележат 257 лица кои биле дијагностицирани со Ковид-19. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот